Реклама

Повторно зголемување на цените на горивата

Benzinska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 % во однос на Одлуката од 8.3.2021 година.

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар.

Agria

Според ова, во текот на следните седум дена Еуродизел ќе точиме за 57 денари по литар, Еуросупер БС-95 ќе чини 67,50 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се точи за 69,50 денари по литар гориво.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368   ден/кг и сега ќе изнесува 36,211 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19226/remi-na-derbito-vo-prevalecz/