Реклама

Во пожар во зграда во Гостивар почина дете

Голема трагедија утрово во Гостивар. Дете почина, а една жена е во тешка состојба по пожарот што избувна утрово пред 8 часот во станбена зграда во градот. Пожарникарите го изнеле безживотното тело на детето и 35 годишна жена кои со брза помош биле пренесени во градската општа болница. На ургентното одделение во болницата била констатирана смрт на детето, која наверојатно настанала од задушување.

Zito akcija 640x289px

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари вели дека детето најверојатно било само кога избуванал пожарот во станот, а според неговите информации неисправна грелака е  можна причина за пожарот. Таравари вели дека од општината ќе направат се за да му помогнат на семејството.

Agria

Очевидци велат дека  кога се појавил  пожарот се раширил чад и станарите од зградата на улицата „Кеј Вардар“ почнале да се евакуираат. Во тек е увид на екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител за да се утврдат причините кои довеле до трагичниот настан.

Можеби ќе ве интересира: