Првичните информации на Основното јавно обвинителство-Гостивар кое прави увид на местото на пожарот во Гостивар, велат дека седумгодишното дете било врзано со ланци на нозете.
„Првичните информации на лекарскиот тим на самото место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со сиџир на нозете. Според исказот на семејството причина за врзувањето било затоа што детето било агресивно.Обвинителството ги преземе сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност“, велат од ОЈО-Гостивар.
Пожарот избувна утринава околу 8 часот а издадена е наредба за обдукција на телото на починатото дете и се разговара со очевидците на настанот. По наредба на јавниот обвинител, се врши прибирање на трагите од лице место, кои треба да помогнат за прецизно утврдување на причините за пожарот.
Можеби ќе ве интересирa: