Коронавирусот повторно коси во Велес. Капацитетите на одделенијата во велешката болница каде што се сместуваат ковид пациенти повторно се полнат.
Во велешката болница заклучно со вчерашниот ден се хоспитализирани 57 пациенти, од кои 51 имаат потврден позитивен тест на коронавирус, тројца се соннителни случаи, а тројца имаат негативен брис, но се задржани на болничко лекување.
На инфективното одделение од ковид-19 се лекуваат 41 пациент. Модуларната ковид болница почна да се полни, па денес таму се лекуваат 16 пациенти.
Вчера во Велес се регистрирани нови 60 случаи со коронавирус, што е највисока бројка од минатата недела, кога беа регистрирани 56 новозаразени.
Од почетокот на пандемијата во Велес се регистрирани 3842 случаи на ковид-19, од кои 3359 се излечени, 118 починаа, а активни се сè уште 365 случаи.
Можеби ќе ве интересира: