Модуларната ковид болница во Велес од вчера ги прими првите пациенти кои се заразени со коронавирусот. Поради зголемениот број на заразени велешани во изминатите денови, менаџментот мораше да ги отвори вратите на модуларната болница.
За потсетување модуларните болници во Велес како и речиси секаде ширум земјава ги градеше велешката компанија Брако.
Во изминатите 24 часа во Велес има нови 46 позитивни случаи а нема регистрирано ниту еден оздравен. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 411 лица.
Еве какви се условите во модуларната болница во Велес.
Можеби ќе ве интересира: