Има само 14 години, а веќе е врвен хармоникаш. Велешанецот Александар Пановски го владеде инструментот како да свири со децении, а со него се дружи само две и пол години. Неговиот несекојдневен талент е огромен, а потврда за тоа Пановски веќе добива и од врвните хармоникашки имиња во земјава.
Александар е деветтоодделенец во ООУ Блаже Конески. Покрај обврските на училиште, тој посветува 5 до 6 часа дневно вежбајќи хармоника. Александар е вљубеник во македонската музика, која е единствената во неговиот репертоар, а најмногу го сака стилот и опусот на маестро Милан Зафков.
Тајните на хармониката Александар почнал да ги изучува кај еден од доајените на велешката и македонската народна музика, Панче Тевчев, а негов учител сега е уште еден велешки виртуоз на хармоника Војче Петрушев, со кого веќе музицираат и заедно. Војче напиша и оро за неговиот млад ученик Александар, кое доби и свој видео запис.
Во продолжение погледнете го спотот за „Александров сон“ и виртуозните изведби на „Моминско оро“ и „Македонски мерак“ на Милан Зафков, кое ги изведува во дует со неговиот учител Војче Петрушев.
Можеби ќе ве интересира: