Полицискиот час воведен на 10 март од 22 до 05 часот, продолжува и во следните две недели. Оваа одлука беше донесена вчера.
Oдлуката да продолжи ваквата рестриктивна мерка денеска треба да ја достави Комисијата за заразни болести, но министерот за здравство, Венко Филипче не ја исклучува ниту можноста во текот на наредните денови да предложат и дополнителни рестриктивни мерки заради актуелната епидемиолошка слика.
Забраната за движење на населението во временски период од 22 часот до 5 часот наутро беше воведена на 10 март. Угостителските објекти работат до 21 часот.
Ако се влоши состојбата и се зголемат хоспитализациите, можно е кратење на работното време на угостителите.
Вкупната бројка на лицасо коронавирусот во Македонија земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.
Можеби ќе ве интересира: