Реклама

Човекот против природата – борба која е однапред загубена!

Пишува Владимир Тевчев

Zito akcija 640x289px

Снегот кој падна денеска ја потврди народната: „Марта има девет ума“. Иако денеска е вториот ден од пролетта, снежни врнежи не пречекаа утрово. Зимата која измина беше блага, со многу топли денови, со температури невообичаени за тоа годишно време. Според временската прогноза, снег не очекува и во претстојите два дена, со што постои можност и за снежна покривка.

Agria

На снегот најмногу се радуваат децата. Но, за жал, оваа година таква можност тие ќе немаат. Вонредната состојба заради опасноста од ширење на коронавирусот не дозволува премногу детски снежни лудории.

sneg3

Овој снег, во време кога и не му е баш време, не потсети дека нешто во природата не е како што треба. На тоа не потсети и вчерашниот земјотрес во Загреб, но и невообичаено многуте земјотреси кои ни се случуваат последните години. И не само тоа. Повеќе не дишиме воздух, туку честички од прашина, кои сами си ги создаваме. Листата е долга.

Но, дека дефинитивно рамнотежата е изместена, не потсети вирусот кој со неверојатна брзина го окупираше светот. Многу виролози веруваат, па дури и тврдат дека причината за појавата на КОВИД-19 се изместените природни појави. Онаму каде што природата создала место за животните, се населивме ние, луѓето. Тоа логично го предизвикува обратното, животните го окупираат природниот простор на луѓето. Една српска експертка за вируси, лекарката која во 1972 година го спасила светот од пандемија на вариола вера, но и која во средината на минатиот век го открила најопасниот вирус некогаш откриен, верува дека новиот коронавирус го пренел човек, кој недозволиво блиску се приближил на лилјаците, носители на овој вирус. Но, исто така, таа верува и дека поради изменетите климатски услови, лилјаците почнале да се населуваат онаму, каде што не им е местото – меѓу луѓето.

Без разлика дали е ова точно или не, едно е сигурно, природата се буни и не предупредува. Не предупредува дека ако не се опаметиме и ако не престанеме да го уништуваме она што ни е дадено, природата ќе го вклучи својот механизам и ќе се заштити, за жал, на наша штета.

Погледнете ги само мапите на загаденост во светот овие денови. Ако има нешто добро во пандемијата од коронавирусот, тоа е дека планетата земја се исчисти. Онаму каде што вредностите на ПМ-честичките беа во екстремно црвено, сега е зелено. Во каналите на Венеција се вратија делфините. Се се случи за само еден месец. Ненајавено, со брзината на светлината.

Ќе биде ли ова последното предупредување или пак, почетокот на крајот, зависи од нас. Природата ја покажа својата огромна сила. Иако досега се однесуваше инфериорно, сега ни покажа дека никогаш не сме ја победиле, а веројатно никогаш и нема. Но, и зошто би?

Се надеваме дека ова ќе биде последниот снег на кој нема да можеме да му се радуваме како што сакаме. Се надеваме дека оваа пандемија и временските неприлики кои се случуваат во светот, се последното и најголемото предупредување од природата, дека треба да ја чуваме.

Чувајте ја природата, уживајте во нејзините благодети и радувајте му се на секој прекрасен ден кој таа ни го дава, без разлика дали паѓал дожд или снег, греело сонце или облаците се надвиснале. И ценете ја слободата која таа ни ја нуди. Токму онаа слобода, која сега, коронавирусот толку сурово ни ја одзеде.