Реклама

Градскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје на протест пред министерството за здравство

VMRO-DPMNE i Mickoski protest

Под мотото „Здравје, а не провизии“ градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протест со почеток во 11.30 часот пред Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

„Власта е неспособна да обезбеди вакцини. 4 месеци откако во регионот и Европа е почната вакцинацијата, ние уште немаме вакцини. Секојдневно се разболуваат над 1.000 луѓе од Ковид-19, а бројот на починати одамна е двоцифрен секој ден. Додека Заев е вицкаст и ја замајува јавноста, 3.500 животи се загубени“, обвини вчера на прес конференција Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Agria

Ова ќе биде втор сличен протест откако минатата сабота сабота, протестираше Унијата на жени.

Од друга страна, Министерот за здравство Филипче, и порача на опозиција дека со организирање протести и собири во време на нов бран на епидемијата, се однесуваат непримерно и го омаловажуваат трудот на здравствените работници.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19536/brojot-na-aktivni-sluchai-vo-veles-nadmina-600/