Трендот на високи бројки на новозаразени од ковид-19 во Велес продолжува . Денес се регистрирани 62 нови позитивни случаи во градот, оздравени се 26, а еден пациент на 82 годишна возраст ја изгубил битката со коронавирусот. Бројот на активни случаи е 659.
Во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 604, Куманово – 80, Битола – 72, Велес – 62, Охрид – 60, Кавадарци и Штип – по 44, Прилеп – 43, Гостивар – 40, Гевгелија – 38, Тетово – 29, Струмица – 28, Неготино – 23, Струга – 20, Кочани – 19, Кичево – 18, Радовиш и Берово – по 10, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Ресен, Виница и Богданци – по 7, Делчево, Валандово и Крушево – по 6, Демир Капија – 5, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 4, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Регистрирани се 514 оздравени пациенти, Пријавени се вкупно 35 починати лица: 16 пациенти од Скопје (89г,87г,82г,79г,76г,72г,70г,69г,69г,68г,68г,65г,64г,62,57,54), 4 пациенти од Битола (78г,68г,65г,63г), 3 пациенти од Струмица (80г,64г,62г), по 2 пациенти од Кочани (71г,62г) и Прилеп (84г,69г) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г). Од пријавените, 35 лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на починати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.
Можеби ќе ве интересира: