Пролетна еколошка акција на здруженија на граѓани и Општина Велес

Akcija na cistenje

Граѓански активисти од Здруженија на граѓани денеска го чистеа просторот околу објектот во кој се сместени дел од граѓанските здруженија, што се наоѓа во населбата ,,Дворови“.

Во работната акција активистите собраа 22 вреќи од 250 литри со различен вид на отпад и тоа не само од околината туку и од просториите на објектот.

Agria

Пролетната еколошка акција за чистење ја организираа во соработка со Општина Велес по повод Денот на пролетта и екологијата, што наместо минатата недела, на 21 март, поради лошите временски услови, ја реализираа оваа недела.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: