Црн биланс на починати од ковид-19 во Велес. Според ковид состојбата на Министерството за здравство денес се регистрирани пет смртни случаи како последица од ковид-19. Во последните 24 часа се регистрирани шест нови случаи и 44 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во градот е 650.
Во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 195, Прилеп – 28, Куманово – 17, Гостивар – 14, Тетово – 8, Кавадарци – 7, Велес, Штип и Неготино – по 6, Струга и Кичево – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип – по 1 лице.
Регистрирани се 1169 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 41 починато лице: 16 од Скопје (34г,41г,50г,60г,64г,65г, 3 лица на 67г., 69г,70г, 71г,72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г,66г,70г,74г и 81г), по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г), по еден пациент од Струга (22г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г). Од починатите лица, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е во домашни услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000.
Можеби ќе ве интересира: