Нов земјотрес го погоди Загреб и околината вечерва во 20:49 часот.
Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтер. Неговиот епицентар бил на длабочина од десет километри, дваесет километри западно од Загреб.
Од вчера тлото околу Загреб се тресе.Најјакиот земјотрес беше почуствуван вчера претпладне со јачина од 5,5 степени според Рихтер. Тоа е најсилниот земјотрес во Загреб од 1880 година. Претрпена е голема материјална штета, а 15-годишно девојче загина во земјотресот.