Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани 730 лица на пунктовите во Македонија, односно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт.
„Според податоците на националниот систем ‘Мој термин’, заинтересираноста помеѓу граѓаните над 77 години, кои го почнаа процесот на вакцинација вчера, е висока, односно само 2 % од граѓаните што имале закажано термин не ја примиле вакцината“, соопшти Министерството за здравство.
Вакцинацијата почна вчера во Скопје, односно во поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и „Букурешт“, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.
Во текот на утрешниот ден ќе започне и вакцинацијата во другите градови: Тетово, Неготино Струга, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Гостивар, Ростуше, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.
Од таму информираат информираат дека пунктовите за вакцинација работат од 8 до 20 часот секој ден, од понеделник до петок.
Закажувањето термин го прави матичниот лекар, кој е должен на секој граѓанин да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде што се спорведува вакцинација против Ковид- 19, соопштуваат од Министерството за здравство.
Можеби ќе ве интересира: