Поради мерките кои ги донесе денеска Владата, и воведувањето на полицискиот час на териоторија на целата држава Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија, донесе промена во термините на одигрување на натпреварите на домашната сцена.
Имено сите натпревари кои се играат викендов од првата и втората МФЛ како и купот на Македонија во периодот на траење на полицискиот час ќе започнуваат од 13 часот.
Први кои ќе се играат од 13 часот се веќе во среда (7. април) полуфиналните натпревари од Купот на Македонија, Струга ТЛ – Силекс и Македонија ЃП – Академија Пандев.
Екипата на Борец од Велес, во недела на домашен терен ја пречекува екипата на Струга ТЛ.
Можеби ќе ве интересира:
Можеби ќе ве интересира: