Кризниот штаб на Србија одлучи од овој понеделник, 12 април, да се отворат трговските центри, а услов е моменталната тенденција на опаѓање на бројот на заразени да продолжи, а донесена е одлука и за враќање на децата на физичка настава од 19 април.
Единствено остануваат затворени угостителските делови во трговските центри.
Од почетокот на оваа недела, стапија на сила нови, поблаги мерки, со тоа што се дозволи користење на отворените делови од угостителските објекти со капацитет од 50 проценти, со максимум пет лица на маса и растојание од два метра помеѓу масите.
Тие можат да работат до 22 часот, додека шалтерската продажба може да биде до 24 часа.Трговските центри и внатрешните делови од рестораните и баровите се затворени од 16 март поради влошената епидемиолошка состојба.
Според досегашните официјалните податоци од вчера, за 24 часа има 3 625 новозаразени и 41 смртен случај, додека во болниците се лекуваат околу 8 000 лица со компликации, од кои 265 се на респиратор, што е извесно намалување во споредба со минатата недела кога дневната бројка на новозаразени надминуваше 4 000.
Во соседна Србија над два милиони граѓани веќе се вакцинирани, од кои повеќе од еден милион и ревакцинирани