Борец Баскет останува во трката за плеј оф во Втората кошаркарска лига исток. Во заостанат натпревар од 13 коло вчера во Велес тие беа подобри од Струмица со резултат 74:71.
Кошаркарите на Борец Баскет изиграа променливо во текот на целиот натпревар. Првата четвртина ја добија со 20:14, но во втората четвртина следуваше пад во играта. Тоа го искористија гостите, и на полувреме се отиде со водство на Струмица од 29:34.
Во третата четвртина домашните ја засилија одбраната, а и шутот добро им одеше, па така тие резултатски се одлепија и четвртината заврши со високи плус 15 за Борец Баскет 57:42.
И кога се очекуваше рутински да го доиграат мечот, повторно пад во играта и многу грешки. Гостите тоа го искористија, и во последните минути дури дојдоа и до предност од еден поен. Сепак искуството на домаќините беше пресудно па на крај беа посигурни од линијата за слободни фрлања и дојдоа до посакуваната победа.
За Борец Баскет останува уште натпреварот против третопласираната екипа на Шкупи, кој мора да го добие за да разигрува во плејоф.
Можеби ќе ве интересира: