Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 101. Од нив, 88 имаат потврдени позитивни тестови, пет пациенти се сомнителни на вирусот, и осум имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 46 пациент. На инфективното оддееление има 44 пациенти, на интерното 10 во Модуларната болница се лекуваат 41 пациенти, а на физикалното одделени шест.
Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Еден пациент на 54-годишна возраст е транспортиран за Скопје во приватната болница Жан Митрев.
Од болницата информираат дека починат е маж на 53 г.возраст од с.Мартолци, позитивен лекуван еден ден во Модуларната болница.
Можеби ќе ве интересира: