Сообраќајна несреќа кај Градско, повредени мигранти

Migranti kamion
Migranti kamion

На 09.04.2021 околу 06.00 часот, на излезот од Градско, полициски службеници од Регионален центар Југ – Полициска станица за граничен надзор Михајлово во координација со ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Ф.(23) од Голем Дол, Прешево, Р.Србија, кој управувал патничко возило „мерцедес“, со српски национални ознаки поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Zito akcija 640x289px

Имено, во 05.30 часот кај клучка Демир Капија, возилото било забележано и на даден знак за сопирање од полициски службеници возилото не застанало, туку ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, а потоа кон Градско.

Agria

На излезот од Градско М.Ф. изгубил контрола и возилото се превртело. Покрај возачот, во возилото биле пронајдени 12 лица мигранти.

Дел од лицата се пренесени во болница во Велес за укажување на лекарска помош.

“Околу 7 часот утринава од страна на ИМП   на одделот за хирургија при ЈЗУ Општа болница Велес донесени 2 пациенти мигранти(18 и 19г.возраст) ,нешто покасно уште 3 пациенти- 2  мигранти (20 и 23 г.возраст) и шоферот на возилото( 33 годишна возраст),прегледани амбулантски од страна на дежурен доктор, направени се потребните иследувања, истите се здобиле  со лесни телесни повреди и  не се задржани на болничко лекување,“ соопштија од велешката болница.

Во врска со настанот лишен од слобода е и Ј.А. од Прешево, кој управувал патничко возило „пасат“, со српски национални ознаки, кој бил претходница.

За настанот е известен Јавен обвинител, а против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: