
Денеска доаѓаат уште 2000 кинески вакцини во нашата земја. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче пред салата „А1 Борис Трајковски“ во Скопје.
„Преку нашиот амбасадор во Абу Даби, денеска ќе пристигнат 2000 кинески вакцини како донација. Истите ќе пристигнат во Софија. Веќе го организиравме транспортот, возилото е веќе на софискиот аеродром и денеска ги очекуваме да пристигнат тука“, рече Филипче.
Извор: libertas
Можеби ќе ве интересира: