Во зајакната акциска контрола спроведена во текот на вчерашниот ден за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, санкционирани се 9 возачи од Велес.
“На 11.04.2021 во периодот од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на моторцикли, при што биле регистрирани 24 прекршоци, oд кои девет во Велес, девет во Кавадарци и шест во Неготино, кои се санкционирани со соодветни пријави”, соопштија од СВР Велес.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Можеби ќе ве интересира: