До Владата ќе биде поднесен предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници.

vlada.mk
vlada.mk

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека до Владата ќе биде поднесен предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници.

Филипче рече дека до Владата ќе биде поднесен предлог за измена на Законот за здравствената заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти што се лекуваат од коронавирус.

Agria

„Денеска, на Кризниот штаб се дискутираа повеќе работи. Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствената заштита, со што на приватните болници ќе им се направи ограничување на висината на наплата на финансиските средства за времетраење на кризата, поточно за лекување од коронавирусот. Го слушнавме апелот на граѓаните и веќе утре до Владата ќе го поднесеме предлогот“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: