понеделник, 19 август, 2024
Реклама

Денеска се очекува да падне пресудата за случајот „Трезор“

Saso-Mijalkov

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на Р.С Македонија за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Zito akcija 640x289px

Во предметот „Трезор“ првообвинет е Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР- Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР-Горан Грујевски.

Agria

Сите тројца се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање, а според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.

Овој случај го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното Специјално Јавно Обвинителство.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19990/vo-slovenija-so-astra-zeneka-ke-mozhat-da-se-imuniziraat-site-bez-ogled-na-vozrasta-i-polot/