
Кластерот во штипскиот затвор се зголеми за уште двајца осуденици. Тестовите досега потврдија Ковид кај седумина. Најтешка е здравствената состојба на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој на вирусот е позитивен од минатата недела, но вчера со ниска сатурација бил хоспитализиран во штипската модуларна болница, а попладнево на барање на семејството преку неговиот адвокат е префрлен на лекување во приватна клиника.
Можам да потврдам дека еден осуденик е префлен на лекување во приватна клиника. Останатите шестмина осуденици позитивни на корона вирусот засега се во стабилна состојба. Во изолација се уште 13 други лица. Се почитуваат препораките и сите оние кои имале контакти со позитивните на вирусот се изолирани во едно крило од затворот, вели Мики Тодоров, директор на Затвор Штип.
Изолираните засега не покажуваат симптоми на вирусот. Освен Чавков, во затворот од Ковид се разболеа уште двајца осудени за настаните од 27-ми Април. Поранешниот полициски началник Митко Пешов и Никола Митревски- Кољо. Апелација во февруари годинасва им ги намали казните на 13 и 14 години затвор. Освен осудениците позитивни на вирусот се и тројца вработени. Короната во штипскиот затвор влезе и со есенскиот бран, но ова е највисока бројка на осуденици кои се заразиле од неа.
Можеби ќе ве интересира: