Српските медиуми вчера ја соопштија информацијата дека на институтот „Торлак“ во Србија отпочна производството на руската вакцина „Спутник В“, а ваквата информација преку соопштение ја потврдил и Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).
Оваа вакцина во иднина ќе може да се извезува во земјите од регионот
„РФПИ и Институтот за вирусологија, вакцини и серуми ‘Торлак’ објавуваат дека почна производството на руската вакцина против коронавирусот ‘спутник В’ во Србија. Со ова, Србија стана првата држава во Јужна Европа која ќе ја произведува ‘спутник В’“, објави фондот.
Оттука додаваат дека производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди.
Можеби ќе ве интересира: