Реклама

Велес повторно во статистиката на починати пациенти, бројката на оздравени поголем од бројот на заразени во изминатото деноноќие

nova fotka Bolnica Veles 997x485

Во ковид статистиката на Министерството за здравство, во Велес се регистрирани нови 32 позитивни случаи на коронавирус. Оздравени се 40. Бројот на активни случаи во Велес е 765.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 3284 тестирања, а регистрирани се 890 нови случаи на КОВИД-19 во:

Agria

Скопје – 349, Битола – 68, Куманово – 59, Прилеп – 52, Тетово – 36, Струмица – 35, Велес – 32, Охрид – 29, Кавадарци – 27, Штип – 25, Кочани – 24, Кичево – 20, Гостивар – 19, Виница – 15, Гевгелија – 14, Неготино и Валандово – по 11, Струга, Свети Николе и Радовиш – по 9, Пробиштип – 7, Крива Паланка – 6, Ресен и Берово – по 4, Делчево и Демир Хисар – по 3, Богданци, Демир Капија и Кратово – по 2, Крушево, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1. 

Регистрирани се 1.024 оздравени пациенти од: Скопје – 464, Битола – 74, Куманово – 65, Прилеп – 60, Кавадарци – 51, Велес – 40, Гостивар – 27, Штип – 26, Тетово – 25, Струмица и Гевгелија – по 21, Берово –16, Кочани – 15, Кичево, Неготино и Валандово – по 13, Радовиш – 12, Ресен – 9, Свети Николе – 8, Крива Паланка – 7, Виница и Богданци – по 6, Македонски Брод и Дебар – по 5, Пробиштип, Демир Капија, Крушево и Делчево – по 4, Пехчево – 3, Кратово – 2, Дојран – 1. 

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (35г, 39г , 61г, 69г, 73г, 80г ,84г), 6 лица од Куманово (65г, 70г, 73г, 74г, 76г и 87г), по 3 починати лица од Прилеп ( 71г,72г и 77г) и Битола (64г,65г и 74г), по 2 лица од Кавадарци (75г и 76г), Велес (53г и 79г), Штип (67г, 69г), Струмица(54г и 84г), Крива Паланка(71г и 72г) и Струга(62г и 72г), по едно лице од Гостивар (77г), Кочани (34г), Кичево (57г)и Охрид (77г). Од починатите пациенти, сите се починати во болнички услови. 

Досега во земјата се направени вкупно 681.272 тестирања на Ковид-19, a вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20045/se-namaluva-brojot-na-paczienti-koi-se-na-kislorodna-poddrshka/