
Утре со почеток во 11.30 часот опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пред Министерството за здравство најави дека ќе протестира а ќе побараат оставка на министерот Венко Филипче.
„Филипче и Заев се одговорни за 4.357 жртви од корона. Додека целиот свет беше во потрага по вакцини, Заев и Филипче беа во потрага по провизии за кинески вакцини. Денес овие луѓе што умираат немаше да починат доколку Заев и Филипче не возеа мотори, туку обезбедеа вакцини“, се вели во најавата за протестот.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако власта го подготвела здравствениот систем по појавата на коронавирусот, ситуацијата ќе била поинаква.
Можеби ќе ве интересира: