понеделник, 19 август, 2024
Реклама

Ноќеска во земјава успешно беше изведена втората трансплантација на срце кај 27-годишно момче

Transplantacija na srce

Кај момче на 27-годишна возраст ноќеска во 3 часот и 33 започна да чука срце од починат донор. Момчето го доби срцето од девојка која загинала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство дало зелено светло за согласност за донирање на нејзините органи.

Zito akcija 640x289px

„Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги!“, напиша Министерот за здравство Венко Филипче.

Agria

Инаку за потсетување, ова е втора трансплантација на срце откако во мај минатата година беше извршена првата успешна трансплантација на срце од донор. Срцето на починатата Емилија Динева продолжи да чука во 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

Тогашната трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев од државната кардиохирургија, Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника”, и Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина”.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20074/gorancho-krstik-od-veles-javno-se-nudi-da-volontira-vo-veleshkata-bolnicza-za-da-im-pomogne-na-zdravstvenite-rabotniczi-koi-se-borat-za-zhivotite-na-liczata-zarazeni-so-kovid-19/