
Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната од 9 до 16 степени.
Oд недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.
Moжеби ќе ве интересира: