Нови построги мерки против коронавирусот во Германија

berlin
berlin

Во Германија од ноќеска, на полноќ, стапија на сила измените во Законот за заштита од инфекции, што на федералните власти им овозможуваат автоматско воведување на построги мерки во борбата против Ковид-19, вклучувајќи и забрана за движење меѓу 22 и 5 часот наутро, во градовите и општините со седумдневна инциденца повисоки од 100 новоинфицирани на 100.000 жители.

Zito akcija 640x289px

Пред влегувањето во сила на измените на законот, германската Влада апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките, особено оние во врска со намалување на контактите, што вклучува и забрана за движење од 22 до 5 часот наутро.

Agria

Мерките усвоени од Долниот и Горниот дом на парламентот, Бундестагот и Бундесратот, во средата и четвртокот, вклучуваат мерки за намалување на контактите, кои овозможуваат едно домаќинство да се сретне со само едно лице од друго домаќинство.

Трговците во малопродажба, продавниците за храна и за секојдневни потреби и аптеките ќе  можат да примаат клиенти само со негативен тест за коронавирус и со претходно закажување.

Од 22 до 5 часот забрането е движење, со исклучок на трчање или пешачење за поединци на кои тоа им е дозволено до полноќ. Од полноќ до 5 часот наутро, само на луѓето со многу силна причина, како што се одење на работа или на лекар, им е дозволено да излегуваат на улица.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: