Реклама

Борец Баскет по продолжение обезбеди мајсторка

Kошаркарите на Борец Баскет израмнија во четвртфиналната серија од плеј-офот за влез во Првата лига. По продолжение беа подобри од Чаир 2030 со 97:87.

Zito akcija 640x289px

Гостите од Чаир, кој го имаа на располагање Јетмир Зекири. Играч кој доста значи за нивниот ростер во кој не беше на претходниот дуел на овие две екипи поради суспензија, уште од самиот старт ја превзедоа иницијативата и постојано беа во водство.

Agria

Сепак поагресивната одбрана на Борец Баскет во втората четвртина не дозволи гостите да имаат поосетлива предност, така на полувреме со отиде со резултат 34:37.

Голем пад во играта на домаќините во трета четвртина придонесе Чаир 2030 да има предност и од 15 поени. Во четвртата четвртина гостите како да се опуштија мислејќи дека е добиен натпреварот. Тоа го искористија домаќините и со трите слободни фрлања на Стојменов на 1 секунда до крајот го израмни резултатот 79:79.

Во продолжението гостите како да се предадоа предвреме, а Виларов го полнеше нивниот кош за конечни 97:87, и со тоа овозможи мајсторка која ќе се одигра во Скопје.

Натпреварот може да го погледнете овде:

https://www.facebook.com/watch/live/?v=1348487328867080&ref=watch_permalink

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20252/kovid-branot-vo-veles-oslabnuva-i-denes-poveke-ozdraveni-od-zarazeni/