Коронавирусот зема уште две жртви. Починат е маж на 74 годишна возраст од Велес, лекуван четири дена на инфективното одделение, и жена на 70 годишна возраст од Св.Николе позитивена лекуван во Модуларната болница четири дена.
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 83. Од нив, 65 имаат потврдени позитивни тестови, два пациенти се сомнителни на вирусот, и 16 имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 37 пациент. На инфективното оддееление има 39 пациенти, на интерното одделение и на физикалнато одделение по шест, во Модуларната болница се лекуваат 32 пациенти.
Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира:
Испишани се 6 пациенти како оздравени со по 1 негативен тест.