Комисијата одлучува дали ќе има рестриктивни мерки за велигденските празници

Luge so maski vo park
Luge so maski vo park

Рестриктивните мерки истекуваат утре, а Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува дали тие ќе бидат продолжени и во текот на следната недела, вклучувајќи ги и велигденските празници.

Главниот координативен штаб минатата недела соопшти дека ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица.

Agria

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера истакна дека состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, а мерките дадоа резултати. Сепак, како што посочува министерот, искуството кај нас покажало дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: