Филипче: Укинување на полицискиот час за претстојните празниците и отворање на угостителските објекти

Полицискиот час да се скрати за еден час и да почнува од 21 часот, а за Велигден и Рамазан воопшто да нема полициски час како и отворање на летните тераси во сите угостителски објекти.

Zito akcija 640x289px

„Утре, од Владата ќе побараме согласност за овие мерки. Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почнува од 21 часот. За Велигден и Рамазан да нема полициски час, а угостителските објекти да работат до 20.30 часот“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Agria

Министерот Филипче реќе дека овие мерки се предлагаат поради очигледното олабавување што се чувствува не само кај нас, туку и во сите околни земји.

Намален е бројот на приеми во болниците, од 200 кога сме имале најмногу, вчера имало 69 приеми во болниците, а намален е бројот на пациенти на болничко лекување.

Најголемата бројка била 1.789 хоспитализирани пациенти, која сега е симната на 1.400.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: