Полицијата во периодот од 08.00 до 16.00 часот вчера, на подрачјето на СВР Велес спровела акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
„Овие возачи кои го прекршиле законот и го загрозиле животот и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот ќе бидат соодветно санкционирани“, најави Додевски.
Притоа, за осум часа биле регистрирани 43 прекршоци, од кои пет во Велес, 14 во Кавадарци и најмногу 24 во Неготино, информира портпаролот Верољуб Додевски.
Можеби ќе ве интересира: