И втората по големина политичка сила во Бугарија по изборите, партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов го враќа мандатот за формирање влада на бугарскиот претседател Румен Радев, откако владеачко мнозинство не успеа да состави ниту ГЕРБ на Бојко Борисов.
Трифонов на Фејсбук напиша дека нивниот кандидат за премиер, светската шампионка во шах Антоанета Стефанова ќе го врати мандатот во истиот миг во којшто ќе ѝ биде врачен.
„Има таков народ“ го нема доволниот број пртеници или партнери за да состави влада. Стабилна влада. Предложената поддршка е од политички субјекти што се штетни, алчни и докажано компромитирани. И тоа нивното не е поддршка, туку зависност.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов го нарече Слави Трифонов политички плашливец и кукавица бидејќи одбива да состави влада а има можност за тоа.
„Целата моја почит кон Антоанета Стефанова, но ако стане премиер, таа ќе оди да го праша пратеникот Слави Трифонов за се. Тие не го сакаа тоа. Ова е голем страв.Бојко Борисов, Претседател на владата на Бугарија.
Можеби ќе ве интересира: