200.000 вакцини од кинескaта компанија Синофарм треба да пристигнат на еден ден пред големиот христијански празник најавува Министерот Венко Филипче. Освен од Кина, Филипче чека одговор и за руски Спутник како и датум за втората пратка на Астра Зенека преку Ковакс механизмот. Граѓаните немаат право на избор иако во земјата веќе се достапни вакцини од повеќе компании.
Според најавите од здравствените власти во следниот период ќе има милионски дози на вакцини а на официјалниот сајт се пријавиле само околу 200 000 граѓани. Филипче упати апел за аплицирање на вакцинација.мк.
Во месец Мај треба да пристигнат и 500.000 дози од компанијата Синовак, а мнистерот за здравство најави дека со овие големи количини ќе бидат снабдени сите пунктови за масовна имунизација на населението.
Инаку вчера во пунктот во Борис Трајковски почна ревакцинацијата со Спутник кои се донација од Србија и со нив беа вакцинирани припадници од критичната инфраструктура.
Досега во Македонија се вакцинирале примиле околу 52.000 лица а овој период е и Светската недела на имунизацијата која годинава е под мотото – Вакцините зближуваат.
Можеби ќе ве интересира: