Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес се регистрирани 15 нови случаи на ковид-19. Оздравени се 35, бројот на активни случаи во Велес е 550.
Во последните 24 часа се направени 2 874 тестирања, а регистрирани се 450 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 146, Куманово – 52, Битола – 42, Прилеп и Охрид – по 18, Тетово и Кочани – по 17, Велес и Кавадарци – по 15, Струмица и Кичево – по 14, Виница – 11, Гостивар – 10, Штип – 9, Демир Хисар – 8, Струга – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Валандово и Крушево – по 3, Неготино – 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 1 001 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 28 починати лица од кои четворица пациенти од Битола се починати во текот на целиот месец април: 9 од Скопје (57г, 62 г, 66 г, 66 г, 69 г, 72 г, 73 г, 76 г и 80 г), 4 од Битола (68г, 73 г, 83 г и 88 г), 3 од Охрид (73г, 80 г и 81 г), по 2 лица од Кочани (66г и 67 г), Струмица (63г и 79 г) и Гевгелија (73г и 80 г), и по едно лице од Куманово (70г), Прилеп (63г), Кичево (71г), Неготино (64г), Крива Паланка (79г) и Струга (70г).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151 122, бројката на оздравени пациенти е 130 910, на починати е 4 742, а бројот на активни случаи изнесува 15 470.
Можеби ќе ве интересира: