71 годишeн пациент од Чашка е нова жртва на ковид-19. Тој се лекувал на Интерното одделение на велешката болница два дена, потоа како позитивен префрлен во Модуларната болница.
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 74. Од нив, 57 имаат потврдени позитивни тестови, тројца пациенти се сомнителен на вирусот, и 14 имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 24 пациенти. На инфективното оддееление има 37 пациенти, на интерното одделение и на физикалнато одделение пет , а во Модуларната болница се лекуваат 27 пациенти.
Во текот на вчерашниот ден и еден транспорт за Скопје на пациент на 72 годишна возраст,позитивен, во УК за Нефрологија -Скопје.
Можеби ќе ве интересира: