Времето во текот на денешниот ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.
Во наредните денови нѐ очекува претежно стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови.
Во средината на неделава ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.
Можеби ќе ве интересира: