Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука кога станува збор за малопродажните цени на горивата во нашата земја
Со одлука на Регулаторната комисија за нергетика од ноќеска на полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,26 проценти, при што малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, додека пак на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари за литар.
Со тоа највисоката малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) иод ноќеска на полноќ изнесува 59,00 ден/лит, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 58,50 ден/лит.
Moжеби ќе ве интересира: