Реклама

(ВИДЕО+ФОТО) Борец ја „спакува“ Ренова и си обезбеди прволигашки опстанок

Велешки Борец го обезбеди прволигашкиот статус за следната сезона, откако попладнево ја совлада Ренова на свој терен со 2:0 и на едно коло пред крај на првенството и математички го обезбеди опстанокот во лигата.

Zito akcija 640x289px

Најзаслужни за победата се Александар Мишов и Еди Баша кои погодија за велешани, но и голманот на Борец Микица Георгиевски, кој одбрани пенал во 15. минута.

Agria

Натпреварот почна со иницијатива на Борец, кој уште од првата минута покажа дека е решен да дојде до трите бода. Сепак, по неколкуте полу-шанси, најголемата прилика за водство ја имаа гостите во 15. минута, кога оправдано беше досуден пенал за Ренова, по прекршокот на голманот Георгиевски, кој во обид да спаси сигурен гол, фаулираше еден противнички играч во казнениот простор.

Георгиевски го направи пеналот, но Георгиевски и спречи гостите да го претворат во водство, откако го прочита Селмани и му го одбрани ударот од белата точка.

По неколкуминутниот шок од направениот пенал, велешани се вратија во вистински ритам и во 30. минута го отворија резултатот. Османовски кој денеска го одигра најдобриот натпревар во дресот на Борец, го пронајде Мишов во шеснаесетникот на Ренова, а овој фудбалски, од прва, шутираше силно, ефектно совладувајќи го голманот Велии.

Незадоволен од прикажаната игра на своите избраници во првите 45 минути, тренерот на „гипсарите“ Ќатип Османи се реши за хокеарска замена и својот тим го освежи со Рамадани, Перез и Шефити. Првата шанса за израмнување на резултатот ја имаше токму нововлезениот Рамадани, кој по еден центаршут избегна офсајд ситуација, но биеше непрецизно со глава, а во 60. минута Перез задоцни при една длабочинска топка и пропушти голема можност за погодок.

Со оглед на ситуацијата на табелата Ренова, немаше друг избор, освен со сите сили да го нападне голот на Борец, но домашните фудбалери одлично ги завршија своите дефанизвни задачи, а притоа во 92. минута преку хрватскиот интернационалец Еди Баша ставија точка на натпреварот.

Важната победа велешани ја прославија со своите верни навивачи „Гемиџии“, чија поддршка, надвор од границите на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ и денеска не изостана. Сепак, по конечниот свиреж на судијата Качевски, „Гемиџиите“ се собраа на оградата, каде што славјето започна.

За обезбедување на опстанокот во лигата се погрижи и Работнички, кој во Скопје го совлада Силекс – еден од конкурентите на Борец за избегнување на бараж, со 3:1. Пред последното коло кое се игра идниот викенд, Борец е седми и има 40 бодови, четири повеќе од кратовчани, кои се на деветтата позиција, прва, која води во бараж натпревар за опстанок. Освен Силекс, за избегнување на доигрувањето ќе се борат уште и денешниот противник на Борец – Ренова, но и противникот во последното коло Академија Пандев.

По поразот од Струга Трим Лум, најтрофејниот македонски клуб Вардар за прв пат во својата историја во независна Македонија излезе од првата лига. Освен за баражите, во последното коло интересна ќе биде и битката за третото место кое води во фудбалска Европа. Сега стружани ја прескокнаа Македонија Ѓ.П. на третото место и во последното коло ќе бркаат победа во Кратово, против Силекс, кој пак со победа може да го избегне баражот. Сепак, за да изборат сигурен опстанок, кратовчани ќе чекаат победа на Борец кај Академија Пандев, која се уште нема сигурен опстанок. Македонија Ѓ.П. ќе му гостува на веќе излезениот Вардар и се очекува лесно да ги освои трите бода.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20575/pritisokot-vrz-veleshkiot-kovid-czentar-e-drastichno-namalen/