Реклама

Главниот координативен штаб предлага полицискиот час да трае од 24:00 часот до 05:00 часот

policiski cas

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување:

Zito akcija 640x289px

Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот.

Agria

Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.

Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници. Овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20621/video-vazhna-pobeda-za-fudbalerkite-na-borecz/