Раководството на женскиот фудбалски клуб Борец денеска енергично ги демантираше обвинувањата на управата на ЖФК Љуботен, дека во саботата предизвикале инцидент и ги нападнале гостинските фудбалерки и луѓе од раководството на клубот.
Од ЖФК Борец велат дека од еден мирен, фер и коректен натпревар, тетовчани направиле инцидент. Дека гостите се предизвикувачи на немилите сцени, зборува и официјалниот записник од натпреварот, во кој делегатот на средбата ги нотирал сите провокации, кои ги направил потпретседателот на тетовскиот клуб Драгољуб Јовановски, велат од ЖФК Борец.
Во саботата, во рамките на 23 коло од Првата женска фудбалска лига, Борец како домаќин го совлада Љуботне со 2:0. По мечот се создаде мешаница, туркање и вербални навреди, по кои мораше да интервенира и полицијата.
Слушнете ги изјавите на претседателот на ЖФК Борец Рикардо Илиев и тренерот на тимот Тоше Нацев.
Можеби ќе ве интересира: