Поради верскиот празник Бајрам денеска нема да има полициски час

policiski cas
policiski cas

Денеска нема да има полициски час поради верскиот празник Рамазам Бајрам, а од утре стапува на сила ограничувањето во движењето од полноќ и ќе трае до 4 часот изутрина.

Zito akcija 640x289px

Од денеска па до 18 мај 2021 година на сила ќе бидат новите мерки кои ги усвои Владата на вчерашната редовна седница.

Agria

Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.

Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Властите велат дека  новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: