Реклама

Голем број на оздравени велешани во ковид статистиката

Veles kombe kovid maj 2021

Продолжува трендот на намалување на активниот број на заболени од ковид-19 во Велес. Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес се регистрирани четири нови случаи на ковид-19, а оздравени се дури 165 пациенти. Бројот на активни случаи во Велес е 185 пациенти.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа регистрирани се 123 нови случаи од 2.598 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новозаразените се во Скопје – 64, Битола – 9, Куманово – 7, Охрид – 5, Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2, Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица – по 1.

Agria

Регистрирани се 3803 оздравени пациенти , починаа 17 болни од ковид-19. Починати се 3 од Куманово (53, 61 и 82), по 2 починати лица од Скопје (75 и 78), Тетово (68 и 85), Битола (62 и 94) и Кочани (54 и 71) и по едно починато лице од Прилеп (68), Гостивар (72), Охрид (78), Струмица (77), Радовиш (73) и Виница (61). Од пријавените 14 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Вкупно ковид дијагностицирани досега се  154.494,  оздравени се 143.069, починати 5.168, а активни се  6.257 болни.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20717/trpchevski-od-kavadarczi-ke-go-sudi-mechot-vo-strumicza/