Велешкиот ракометен интернационалец Дарко Димитриевски, од наредната сезона ќе настапува во Втората германска Бундес лига за екипата на ТВ Емсдетен.
По три години настапување во шпанската Асобал Лигата за екипата на Синфин, тој реши да направи нов чекор во својата кариера, потпишувајќи двегодишен договор со германскиот тим.
„Мислам дека по поминати три години во Асобал лигата дојде време за промени. Јас сум човек кој сака предизвици и ова еден нов предизвик за мене. Во Германија се сака ракометот, екипата е доста силна , па не ми требаше многу за да потпишам со Емсдетен на две години. Мислам дека ова ќе биде добро за мојата кариера да се движи во нагорна линија“ изјави за Батали.нет Дарко Димитриевски.
Димитриевски во својата кариера има настапувано за повеќе клубови. Во Македонија играше за Куманово, Борец, МРК Вардар и Металург, а во странство беше дел од катарскиот Катар Спорт, шпанските Сагунто и Адемар Леон, унгарскиот Чурго, како и израелскиот Хапоел Ашдод.
Можеби ќе ве интересира: