Соседна Грција ја отвори границата за македонските граѓани

Evzoni granicen premin
Evzoni granicen premin

Нашиот јужен сосед Грција од попладнево околу 13 часот ја отвори границата за македонските граѓани. Сите оние граѓани коишто сакаат да патуваат во Грција ќе можат тоа да го сторат доколку  покажат сертификат за примени две дози од било која вакцина противкоронавирусот, со негативен пцр тест, а за деца под 5-годишна возраст не е потребен

Zito akcija 640x289px

Граѓаните што ќе патуваат во Грција ќе треба да пополнат и електронски формулар пред да ја поминат границата.

Agria

„Денеска, од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13 часот дозволен им е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, на граѓаните од трети земји и на граѓаните од Република Северна Македонија преку ГП Евзони. Според протоколот за влез, граѓаните од ЕУ од трети земји и од Репубика Северна Македонија ќе може да оставарат влез во Република Грција преку Евзони со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или сертификат за примени две дози вакцини (14 дена поминати од втората доза), при што ќе бидат признаени сите сертификати за извршена вакцинација, а за деца до 5 години не е потребен ПЦР-тест. Исто така, останува обврската за електронска пријава на сајтот www.travel.gov.gr (ден пред патување) за обезбедување на ПЛФ (Passenger Locator form) документ”, велат од МВР.

Претходно, во утринските часови, во меѓупросторот кај преминот Богородица-Евзони се создаде колона од возила претежно македонски и српски кои чекаа, но не успејаа да ја минат границата.

Границата со Грција е затворена околу 14 месеци, од минатата година, со почетокот на ограничувањата за движење како резултат на пандемијата со Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: