Реклама

Од спортска академија, до светска фудбалска сцена

Во велешката Гимназија „Кочо Рацин“ постои паралелка, во која се создаваат идните фудбалери, можеби репрезентативци или фудбалски интернационалци. Во рамките на Гимназијата „Кочо Рацин“, работи спортската академија, во која средношколците, освен редовните предмети, се остручуваат за фудбал.

Zito akcija 640x289px

„Академијата е во рамките на државното средно училиште и ја има во осум града низ земјава. Ние сме во состав на Гимназијата, степенот на образование е средно гимназиско, што значи дека оној кој ја завршил оваа паралелка, не мора по дефиниција да одбере спортски факултет, туку може да се запише и на Правен факултет. Разликата е во тоа што тука се изучуваат стручни предмети од областа на спортот, а во нашиот случај, тоа е фудбалот“, вели Диме Тодоровски, координатор на спортската паралелка.

Agria

– реклама –

– реклама –

Учениците од спортската паралелка имаат одлични услови за стручните предмети. Опремени се со комплет опрема за тренинг, работат по програма дадена од УЕФА, имаат тренери, голманите имаат засебен тренер, а на секој тренинг е присутен и физиотерапевт.

Запишувањето во оваа паралелка носи и одредени привилегии. Учениците кои не се од Велес добиваат бесплатно интернатско сместување и месечна стипендија од по 3000 денари.

„Спортските академии се сериозни образовни институции. Тоа го докажува фактот што учениците постојано играат контролни натпревари против државните репрезентации, кои ги следат и селекторите. Оној кој отскотнува по квалитет, на наш предлог, добива шанса да игра во репрезентацијата на Македонија. Продукт на оваа спортска академија е младата фудбалска репрезентација на Македонија, која пред четири години играше на Европското првенство во Полска, а една од ѕвездите на тој тим, нашиот најперспективен фудбалер Елиф Елмас, кој сега настапува за Наполи, ја заврши токму оваа спортска академија“, рече координаторот Тодоровски.

Уписите во спортската академија се во тек, а селекцијата ќе се врши на крајот на мај. Од академијата ги повикуваат сите заинтересирани полуматуранти, да ги контактираат на телефон 070 607 602.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20798/samo-eden-pozitiven-sluchaj-na-kovid-19-vo-veles-vo-poslednite-24-chasa/