Младите ракометари на Борец, потешко од очекуваното, дојдоа до својата седма победа. Во салата Гемиџии, тие со 33:29 го совладаа Кичево 2020, последнопласираната екипа на табелата во Првата ракометна лига-плеј аут.
Кичево беше рамноправен противник во првото полувреме, a Борец од почетокот ја бркаше предноста на гостите, која на моменти изнесуваше три гола. Сепак, првото полувреме заврши со нерешен резултат 14:14.
И второто полувреме започна со израмнета борба, се играше гол за гол се до 39 минута, кога за прв пат ракометарите на Борец поведоа со два гола разлика, а гостинската екипа до крајот на натпреварот немаше сили да се врати резултатски.
Во екипата на Борец, Јован Атанасовски и Кирил Миленков беа најефикасни со по шест гола, додека кај гостите од Кичево се истакна Кристијан Смилески со осум гола.
Можеби ќе ве интересира: